Одлуката на судот е задолжителна за сите

Приштина, 29 август 2014 (МИА) - Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени синоќа дека одлуката на Уставниот суд е „задолжителна за сите“ бидејќи гарантира кредибилен и праведен процес.

Уставниот суд го оцени за неважечки изборот на Иса Мустафа на 17 јули за претседател на косовското Собрание, а Јахјага, според зборовите на нејзиниот портпарол, ги повикала пратениците да најдат решение за конституирање на институцијата која ги претставува интересите на косовските граѓани кои ги бирале.

- Демократската култура и политичката зрелост ќе придонесат за намалување на тензиите кои можат да се рефлектираат и на граѓаните на Косово кои покажаа смиреност, зрелост и достоинство за време на целиот процес, порача Јахјага.

Медиумите оценуваат дека изјавата на Јахјага доаѓа како реакција на протестите на активистите на Самоопределување пред Уставниот суд и најавите дека за одбрана на демократијата ќе користат и поинакви начини на протести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...