САД и ЕУ побараа од косовските лидери да престанат со блокадите

Приштина, 29 август 2014 (МИА) - Претставници на  Амбасадата на САД и Канцеларијата на Европската унија на Косово изразија од косовските лидери очекуваат да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд во врска со изборот на претседател на Собранието, пренесува денеска приштинскиот печат.

„Очекуваме од лидерите во Косово да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд и истакнуваме дека оваа одлука (за избор на претседател на Собранието) ќе го засили  определувањето на Косово за решавање на законските прашања на транспарентен и демократски начин“, одговорија дипломатите на прашањето на дневниот весник „Коха диторе“.

Иако не сакаа да коментараат дали по одлуката на Уставниот суд Косово може да влезе во институционална криза, американските претставници изјавија дека е значајно да се почитуваат одлуките на судот.

Истиот став на весникот му го дадоа и од Канцеларијата на Европската унија на Косово, потенцирајќи ја определбата дека не се мешаат во процесите што се во тек.

Уставниот суд на Косово одлучи дека само Демократската партија на Косово, како најголема парламентарна група, има право да предложи кандидат за претседател на Собранието. Исто така, судот оцени дека евентуалниот неизбор на претседател на Парламентот не може да биде причина за одржување вонредни парламентарни избори.

Засега не е јасно дали ДПК може да собере 61 од 120 пратеници за избор на претседател на Парламентот.

Според образложението на одлуката на судот, постизборните коалиции или парламентарни групи можат да се формираат после конститутивната седница на Собранието на Косово, односно после изборот на претседателот и потпретседателот на Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...