Конференцијата за Западен Балкан ги исполни очекувањата

Подгорица, 29 август 2014 (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ предложи во Берлин дека Европската комисија треба да креира поширок инвестициски пакет за земјите од Западен Балкан, кој ќе помогне за подобро инфраструктурно поврзување внатре во регионот. 

Ѓукановиќ истакна дека вчерашната Конференција за Западен Балкан ги исполнила неговите очекувања, а на неа било разговарано за пакет политичко-безбедносни прашања, како и за развој на регионот.

- Во рамки на политичко-безбедносните области беа третирани отворените проблеми кои ги пренесовме во новиот милениум од последните децении на минатиот век, од времето на кризата на територијата на поранешна Југославија, нагласи црногорскиот премиер.

Според него, многу е важно и што на оваа конференција е покажана нова иницијатива на Германија и ЕК во однос на земјите од Западен Балкан, „што придонесува за побрза и поквалитетна интеграција на сите овие држави“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...