Ердоган го прифати составот на новата турска влада

Анкара, 29 август 2014 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прифати денеска составот на новата влада, кој претходно му беше предложен од лидерот на владејачката Партија на правдата и развојот и мандатар Ахмет Давутоглу.

По одобрувањето на предлогот на Давутоглу, тој официјално ќе ја преземе премиерската функција, но владата нема да може веднаш да започне со работа.

Согласно Уставот на Турција, во рок од пет работни денови премиерот треба да и ја претстави на Парламентот владината програма, а на 6 или 8 септември законадавниот дом треба да му изгласа доверба на новиот кабинет.

На местото на Давутоглу, како нов шеф на турската дипломатија е назначен досегашниот министер за ЕУ, Мевљут Чавушоглу, а пак на неговата функција е именуван Волкан Бозкар.

Нов министер за трговија и царина ќе биде Нуретин Џаникли.

Советникот на поранешниот премиер Ердоган, Јалчин Акдоган и потпретседателот на владејачката Партија на правдата и развојот, Нуман Куртулмуш се именувани за нови вицепремиери во владата.

Останатите досегашни министри и вицепремиери остануваат на своите функции. Министер за економија и понатаму ќе биде Нихат Зејбекчи, за финансии Мехмет Шимшек, а за енергетика и природни ресурси Танер Јилдаз. Функциите ќе ги задржат и двајцата вицепремиери Али Бабаџан, кој е одговорен за економски прашања, и Булент Аранч.

Новата влада на Турција ќе се соочи со нови предизвици во надворешната политика, поврзани со регионалните проблеми и процесот за членство во ЕУ, донесување на нов устав, продолжување на мировниот процес со Курдите, борбата со т.н. „паралелна држава“ раководена од исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен и одржување на стабилна економија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...