Во Ирак пристигна првата пратка албанско оружје и муниција

Тирана, 31 август 2014 (МИА) - Првата пратка со оружје и муниција од Албанија, која била транспортирана со канадски авион пристигнала во Ирак, јави дописникот на МИА од Тирана.

Веста за успешниот транспорт на пратката, според албанските медиуми, ја потврдил канадскиот премиер Штефан Харпер.

Владата на премиерот Еди Рама донесе одлука да испорача оружје и муницијата во рамките на меѓународната помош за Ирак во борбата против џихадистите на ИДИЛ.

Станува збир за 22 милиони куршуми, 15 илјади рачни бомби, 15 илјади минофрлачки гранти 60 мм, 12 илјади минофрлачки гранати 92 мм, пет илјади минофрлачки гранати 120 мм и 12 илјади 40 мм ГХЛКТ, модел 1969. Во исто време, Албанија, на  националната полиција на Авганистан ќе и подари 10 илјади автоматски пушки модел 56 калибар 7,62 мм.

Одлуката веднаш ја поздрави американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл изразувајќи благодарност за Албанија за поддршката што таа ја дава на населението во Ирак во борбите против џихадистите од „Исламската држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...