Американски дипломат повикан на разговор поради шпионирањето

Анкара, 1 септември 2014 (МИА) - Турското Министерство за надворешни работи денеска го повика американскиот дипломат на разговор поради медиумските извештаи дека САД ја шпионирале Турција, изјави турскиот заменик-премиер Булент Аранч.

На сајтот на германскиот магазин „Шпигл“ вчера беше објавено дека американската Национална безбедносна агенција и британската Агенција за прислушување вршеле „масовно прислушување на Турција“, повикувајќи се на документите од архивите на поранешниот вработен во НСА, Едвард Сноуден.

„Шпигл“ објави и дека американските разузнавачки служби и помагале на Анкара во борбата против курдските екстремисти, кои три децении се борат за поголеми права на Курдите во југоисточна Турција.

Пред неколку недели „Шпигл“ објави дека германската разузнавачка агенција БНД со години ја шпионирала Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на претстојните средби на НАТО и на Обединетите нации ќе разговара со светските лидери за шпионирањето на Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...