Ердоган бара „договор на две држави“ за Кипар

Никозија, 2 септември 2014 (МИА) -  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави за време на посетата на самопрогласената држава Северен Кипар дека Турција ќе ја признае само онаа спогодба за повторно обединување на островот, според која отцепените кипарски Турци би биле признати како еднаков партнер во федерацијата со меѓународно признатиот грчки дел на Кипар.

За Ердоган ова е прво патување надвор од земјата, откако минатата недела беше инаугуриран за шеф на државата. Северен Кипар традиционално е прва дестинација на секој нов турски претседател.

Тој вчера разговараше со лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу.

- Ние не можеме да заборавиме на Кипар, изјави новиот турски претседател.

- Како и Турција и Грција би требала како земја гарант да ги исполни своите обврски, рече Ердоган и порача дека доколку секој ги исполнува своите должности, кипарското прашање би можело да се реши мошне брзо.

Ердоган вети дека на овонеделниот самит на НАТО во Велс, како и на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации подоцна овој месец ќе разговара за кипарското прашање.

Кипар е поделен во 1974 година, кога Турција го окупираше северниот дел од островот, по што приврзаниците на обединување на таа земја со Грција извршија државен удар. Декларацијата за независност на кипарските Турци ја призна само Турција, која во северниот дел на островот има 35 илјади свои војници.

Мировните преговори меѓу Кипар и неговиот отцепен дел почнаа во февруари оваа година, но засега нема никаков напредок, меѓу останато и поради ставот на официјална Никозија да не ја признае рамноправноста на турската страна, бидејќи со тоа би била дадена легитимност на состојбата, која е остварена со помош на оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...