„Талија“ донесе поројни дождови и полави на Балканот

Скопје, 12 септември 2014 (МИА) - Циклонот „Талија“ кој деновиве го зафати балканскиот регион донесе невреме со силен ветер и обилни врнежи од дожд кои предизвика нови поплави во делови од Босна и Херцеговина и Хрватска и прекин на електричната енергија во неколку градови во Црна Гора.

Сараевските медиуми јавија дека обилните врнежи од дожд предизвикале поплави во повеќе населени места во Босна и Херцеговина, при што состојбата е најтешка во северозападните делови на земјата.

На подрачјето на Бихаќ и Цазин се поплавени неколку десетици станбени објекти и повеќе патни правци, поради што има прекин во сообраќајот.

Поплави се регистрирани и на подрачјето на општина Нови Град каде дојде до значителен пораст на нивото на водата во реката Уна. Поради поплавите локалните власти донесоа одлука за прекин на наставата во училиштата.

Силниот ветер со кои беа пропратени обилните врнежи од дожд предизвикаа прекин во дистрибуцијата на електрична енергија преку 110-киловатните далноводи „Бар-Вирпзар“ и „Бар-Будва“, поради што од утрово без струја се повеќе населени места на териториите на црногорските општини Бар и Улцињ.

Црногорскиот центар за справување со кризи соопшти и дека при невремето избувнал пожар  во регионалната трафостаница во Бар.

Повеќе градови во Хрватска од вчера се зафатени од силно невреме, кое најжестоко ги погоди подрачјата на градовите Шибеник и Задар. Хрватските метеоролози предупредија на ново невреме во текот на денешниот ден на подрачјето на Ријека, Истра, Кварнер и приморските места во подножјето на Велебит.

На подрачјето на Далмација, Горски Котар и Лика најавени се обилни врнежи од дожд и силен ветер кој може да достигне јачина и до 100 километри на час.

Сплит синоќа, втора вечер по ред, беше зафатен од силно невреме пропратено со обилни врнежи од дожд што предизвика поплави на повеќе улици, како и во подрумите и приземните објекти. Само за два часа противпожарната служба добила над 300 дојави на граѓани за поплавени простории.

Поради невремето градоначалничката на Водице, Бранка Јурчев-Мартинчев побара од шибенско-книнскиот жупан Горан Паук да прогласи состојба на елементарна непогода на подрачјето на оваа општина, каде се потопени околу 300 бродови, уништени се поголем број јавни сообраќајници и се поплавени повеќе објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...