Најбогатиот бугарски бизнисмен уапсен во Белград

Белград, 16 септември 2014 (МИА) - Познатиот бугарски бизнисмен Цветан Василев, по кого Бугарија има распишано меѓународна потерница за апсење, денеска и се предал на српската полиција во Белград, објави интернет изданието на белградскиот весник „Блиц“.

Според весникот, Василев во придружба на неговиот адвокат дошол во една од белградските полициски станици, од каде се очекува да биде изведен пред суд, кој би требало да му одреди мерка притвор врз основа на меѓународната потерница.

Василев во Бугарија е осомничен за сомнителни финансиски активности, кои доведоа до една од најголемите банкарски кризи во земјата.

Поради стравување дека ќе биде уапсен, Василев на 28 јули побегна од Бугарија, по што судот донесе одлука за целосна заплена на неговиот имот. Според БТА, Василев во Србија пристигнал вчера.

Василев, кој важи за најбогат Бугарин, е мнозински сопственик на „Корпоративната трговска банка“, врз која во јуни годинава контрола презеде бугарската држава. Од тогаш се запрени сите трансакции на банката и се блокирани сите нејзини сметки на кои имало над 3,7 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...