Василев не смее да ја напушти Србија до следната одлука на Судот

Белград, 17 септември 2014 (МИА) - Вишиот суд во Белград не му одреди екстрадициски притвор на бугарскиот бизнисмен Цветан Василев, кој вчера им се предаде на српските правосудни органи, туку му забрани да го напушта местото на кое престојува во Србија и му го одзеде пасошот.

Судијата за претходната постапка во процесот за одлучување за екстрадицијата на Василев вчера донесе одлука, со која му изрече мерка забрана за напуштање на престојувалиштето, му ја одзеде патната исправа и му наложи секој работен ден, во работното време да се јавува во надлежната полициска станица, изјави за Танјуг портпаролката на Судот Душица Ристиќ. 

Според неа Вишиот суд во Белград ја продолжува постапката за собирање на потребната документација за донесување на одлуката за исполнување на законските претпоставки за испорачување на Василев на Бугарија. 

Бугарија распиша потерница по Василев во јули, откако беше во бегство, а тој вчера и се предаде на српската полиција. 

Кога од Бугарија ќе пристигне барањето за негово екстрадирање, најпрво судските органи ќе одлучат за исполнување на условите за негова екстрадиција, а конечната одлука ќе ја донесе Министерството за правда на Србија. 

Василев вчера во придружба на адвокат околу 11 часот се предаде на управа на криминалистичката полиција. 

Василев е мнозински сопственик на бугарската Корпоративна комерцијална банка „Корпбанк“, чија контрола во јуни ја презеде Народната банка на Бугарија. Сите трансакции на банката тогаш беа стопирани,  блоирани се сметки со повеќе од 3,7 милијард долари, а Василев е обвинет за проневера, поради што и против него е распишана меѓународна потерница. 

Пред распишување на потерницата на 28 јули, Василев побегнал од Бугарија поради сомнително работење, со што предизвикал најголема банкарска криза во Бугарија. Судот нареди да му се заплени целиот имот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...