Грција е подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани упатени кон Кристин Лагард

Атина, 16 септември 2014 (МИА) - Официјална Атина најави дека е подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани кои директорката на ММФ, Кристин Лагард ги добила откако го критикуваше однесувањето на Грците по прашањето за даноците во екот на кризата во Грција.

Грчкиот министер за правда Хараламбос Атанасиу напишал писмо до Лагард, за да ја извести дека може да биде спроведена истрага, ако таа на правосудните органи им ги достави „имињата, датумите, елементите“, изјавил судски извор.

Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Лагард рече дека кога во минатото зборувала за Грција и за нејзините даноци, добила смртни закани поради кои морало да се зајакнат мерките за безбедност.

Во пролетта 2012 година, во екот на меѓународните економски тензии по прашањето за Грција,  Кристин Лагард за британски „Гардијан“ изјави дека Грците би требало да почнат колективно да си помагаат со тоа што ќе си ги плаќаат даноците. Таа рече дека е помалку загрижена за нивната судбина, отколку за таа на децата во Африка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...