Романците се уште жалат за комунизмот

Букурешт, 18 септември 2014 (МИА) - Повеќе од половина Романци сметаат дека за време на Николае Чаушеску животот им бил многу подобар од денес, покажува истражувањето на институтот ИНСКОП, објавено во весникот „Адервул“.

Анкетата, остварена од 30 август до 4 септември, мери основни параметри на демократијата како слободата на говорот, социјалната правда, животниот стандард, организацијата на трудот и независноста на правосудството.

Според анкетата, 81,6 проценти од Романците сметаат дека по 25 години демократија во Романија има повеќе слобода отколку пред 1989 година, а 13,9 проценти не се согласни со тоа.

На прашањето дали по 25 години демократија можат да кажат дека во земјата има повеќе правда отколку пред 1989 година, 68 проценти од анкетираните одговориле негативно.

Само 22,5 проценти од Романците сметаат дека сега има повеќе социјална правда отколку за времето на Чаушеску. 60,5 проценти од анкетираните сметаат дека сега животниот стандард е полош отколку пред антикомунистичката револуција, а 31,4 отсто сметаат спротивно.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...