Јахјага одржа консултации со претставници на партиите

Приштина, 18 септември 2014 (МИА) - Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска одржа консултации со претставници на парламентраните партии по неуспешниот избор на кандидатот на Демократската партија на Косово (ПДК), Арсим Бајрами за претседател на косовскиот Парламент.

Јахјага разговараше со лидерот на ПДК Хашим Тачи и раководството на партијата за изнаоѓање на можно решение за деблокада на изборот на претседател на Парламентот. 

По состанокот, потпретседалот на ПДК Хајредин Кучи изјави дека неговата партија ќе биде конструктивна во натамошниот тек на формирање на косовските институции и оти ќе ја почитува волјата на граѓаните и одлуката на Уставнот суд. 

По состанокот со Тачи, претседателката на Косово разговараше и со  лидерот на листата „Српска“, Александар Јаблановиќ. Тој по состанокот изјави дека за текот на разговорот јавноста ќе ја информира Јахјага. 

Јахјага имаше состанок и со лидерите на коалицискиот блок Демократски сојуз на Косово (ЛДК) - Алијансата за иднината на Косово (ААК) - Иницијатива за Косово и Самоопределување. 

Пратениците на денешното продолжение на конститутивната седница не го избраа Бајрами за претседател на Парламентот. „За“ него гласаа 44 пратенци, додека 61 се изјаснија „против“, а 11 беа воздржани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...