Ципрас се сретна со Папата

Атина, 19 септември 2014 (МИА) – Лидерот на грчката опозициска партија Сириза Алексис Ципрас побара поблиски врски меѓу европската левица и Христијанската Црква за време на неговара вчерашна средба со папата Франциско во Ватикан.

- Доаѓаме од различни идеолошки појдовни точки, но веруваме дека се вкрстуваме на заеднички вредности, како што се солидарност, љубов кон човечко суштество, социјална правда и нашата вознемиреност за мирот во светот, изјави левичарски лидер по кусата средба со понтифот.

Ципрас го информирал папата за последиците од економската криза во Грција, истакнувајќи дека болните мерки наметната од страна на грчките влади биле преземени „за да се спасат банките“.

Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди соопштил дека средбата била „приватна и без политичко значење“, истакнувајќи дека разговорот се фокусирал на „човечки и социјални прашања“.

Ципрас на средбата бил придружан од поранешниот лидер на австриската Комунистичка партија, Валтер Бејер кој, според германската агенција ДПА, рекол дека Папата нагласил оти е „скандалозно тоа што спасувањето на банките е поважно од спасување на луѓето“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...