Турција треба да биде партнер во коалицијата против ИД

Вашингтон, 22 септември 2014 (МИА) - Турција треба да биде партнер во коалицијата против групата Исламска држава, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, потенцирајќи го геогафското значење на земјата.

- Дали ќе придонесат со воено учество зависи од нив. Ние немаме конкретно барање кон Анкара. Ние го побаравме нивниот став за оваа ситуација и побаравме да одлучат што е можно за нив. Тие предложија идеи за некои работи, кои би можеле да ги сторат и кои може да бидат корисни, истакна Кирби за весникот „Хуриет дејли њуз“.

- Тие нека одлучат за тоа. Но ние знаеме дека Турција од географска гледна точка треба да биде партнер во тие напори, додаде портпаролот на Пентагон.

Тој истакна дека кампањата нема нема да биде само воена. - Тоа не е само воена кампања. Тоа е целосен поход. Регионален, политички, економски и воен. Има воена компонента во него. Но тоа не е единствената компонента. И Турција може да придонесе на други начини освоен во воената компонента, истакна портпаролот на Пентагон.

Кирби нагласи дека САД се свесни оти Турција има голем интерес за ова прашање од гледна точка за нејзината национална безбедност.

- Секој ден тие треба да се справат со над еден милион бегалци. Имаат странски борци, поради кои се возменирени, на границата и внатре во Турција. Оправдано очекуваме дека Турција ќе придонесе на овој или на оној начин, рече Кирби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...