Апсењата во Косово се предупредување

кон оние кои ги туркаат младите во тероризам

Приштина, 24 септември 2014 (МИА) - Досегашниот шеф на мисијата на ЕУЛЕКС Берн Борхард изјави дека апсењата на имами на Косово што ги спроведе косовската полиција, се предупредување кон оние кои сакаат да ти турнат младите кон терористички активности.

Во интервју за весникот „Коха диторе“ Борхард изјави дека обвинители на ЕУЛЕКС истражувале некои случаи на тероризам, кои имаат религиозни елементи.

- Мисијата ЕУЛЕКС е вклучена во истрагата на некои случаи на тероризмот во Косово, кои имаат карактеристики на верски тероризам, посочи тој.

Борхард, кој две години беше на чело на ЕУЛЕКС, додаде дека мисијата не ги поврзува тие случаи со последните апсења, кои го привлекоа вниманието на јавноста.

- Тероризмот, кој произлегува од верата или се базира на некоја друга причина, преставува мошне силна закана не само за Косово, туку и за цела Европа, истакна тој.

Говорејќи за работата на европската мисија на Косово, Борхард изјави дека биле изречени 372 пресуди, поврзани со корупција и организиран криминал.

Во врска со „големите риби“ тој посочи дека кога ќе бидат собрани доволно докази, ќе бидат покренати обвиненија против нив.

Борхард призна дека истрагата на воените злосторства по 15 години е мошне тешка поради недостиг на материјални докази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...