Имигрантите одбиваат да го напуштат бродот што ги спаси

Лимасол, 26 септември 2014 (МИА) - Над 300 лица, веројатно сириски бегалци, одбиваат да го напуштат крузерот што ги спаси, откако нивниот мал рибарски брод почна да тоне во близина на брег на Кипар, соопштија кипарските власти.

Вкупно 345 имигранти, вклучувајќи и 52 деца беа спасени од еден рибарски брод во источниот дел на Средоземно Море и префрлени на крузерот „Саламис Филоксенија“.

Одлуката за евакуација на патниците беше донесена поради влошување на метеоролошките услови, при кои се појавила опасност по животите на луѓето.

Директорот на компанијата на која и припаѓа крузерот, Кикис Василиу, меѓутоа, изјави дека луѓето инсистираат да бидат транспортирани до Италија.

- Тие сакаат да ги одвеземе до Италија, изјави Василиу пред новинарите на главното пристаниште во Кипар - Лимасол. - Властите треба да одлучат што треба да се направи, додаде тој.

Кипарското Министерство за одбрана соопшти дека „рибарскиот брод, натоварен со цивилни бегалци, најверојатно тргнал од Сирија“.

Планирано е имигрантите да бидат сместени во бегалски камп во близина на Никозија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...