Косовците осомничени за тероризам остануваат во притвор

Приштина, 30 септември 2014 (МИА) - Апелацискиот суд во Приштина го отфрли барањето на адвокатите за укинување на мерката притвор и бранење  од слобода за 35 лица обвинети за тероризам, односно загрозување  на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

 

Од приведените 45 лица во август, 35 од нив остануваат во затворски притвор до 12 нoември, мерка одредена од Основниот суд.

 

Според соопштение од Апелација, прифатено е единствено барањето на осомничениот С.Качику, на кој затворскиот му е заменет со домашен притвор.

 

Претходно Основниот суд на останатите им изрече мерка домашен притвор.

 

Акцијата на косовската полиција продолжи и во септември кога беа уапсени 12 имами и три други лица, меѓу нив и лидерот на партијата ЛИСБА, која има верски предзнак. Двајца од имамите од минатата недела се во домашен притвор.

 

Барањето таква мерка да му се одреди на имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи било одбиено. Освен за поттикнување, регрутирање и испраќање млади Косовци на боиштата во Сирија и Ирак, тој се товари и за перење пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...