Турција ќе се бори против ИД

Истанбул, 1 октомври 2014 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе се бори против „Исламската држава“ (ИД) и други терористички групи во регионот, додавајќи дека нејзина цел и понатаму ќе биде соборување од власт на сирискиот претседател Башар ал Асад.

- Ефективно ќе се бориме против ИД и сите други терористички организации во регионот. Тоа секогаш ќе биде наш приоритет, истакна Ердоган пред Парламентот.

Тој нагласи дека, исто така, „приоритет на земјата останува соборување на сирискиот режим, да се помогне за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и да се поддржи еден уставно парламентарен владин  систем, кој ќе ги претставува сите граѓани“. 

Турција има заедничка граница со Ирак и Сирија во должина од 1.200 километри, а во земјата моментно има 1,5 милиони сириски бегалци.

Оваа недела на границата на Турција со Сирија беа распоредени тенкови и оклопни возила поради жестоките борби во близина на турската граница. Турската Влада побара Парламентот да и одобри мандат на армијата за воени дејствија во Ирак и Сирија.

- Ние сме одговорни и подготвени за секаква соработка во борбата против тероризмот. Сите треба да разберат дека Турција не е земја која се занимава со времени решенија, ниту пак ќе дозволи другите да ја користат, потенцира турскиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...