Бугарската фабрика чувала експлозиви и од Грција

Софија,2 октомври 2014 (МИА) - Во складиштата на фабриката за експлозиви во Горни Лом во северозападна Бугарија,која вчера беше целосно уништена во силната експлозија,се чувале експлозив и експлозивни материјали и од Грција,пишува софискиот весник „Днес“.

Весникот не наведува за какви експлозиви станува збор,ниту објаснува зашто странскиот експлозив се чувал во бугарската фабрика,освен што открива дека во нејзините складишта имало сместено десет тони силни експлозивни хемиски материјали.

Познато е дека фабриката во Горни Лом,место покрај границата со Србија,околу 120 километри северно од Софија, изработувала експлозиви и муниција за потребите на бугарската армија.

Втора силна експлозија е регистрирана пет часови подоцна,синоќа околу 22 часот,по што претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи,чии експерти ја почнаа истрагата за инцидентот, изјави дека „не се пронајдени преживеани лица“.

Софискиот весник забележува дека беспилотни летала денеска ја надлетуваат целата локација на која се наоѓаше фабриката,како и дека бугарските власти планираат, на местото на експлозијата да испратат специјални екипи,во блиндирани возила,но не соопштува која би била нивната функција.

Ова не е првпат во Бугарија да се случуваат експлозии во некоја од тамошните фабрики.Силни експлозии беа регистрирани во 2007 и о 2010 година,во која имаше десетици повредени лица. Вчерашната експлозија во Горни Лом се верува дека е најголема досега и со најголем број човечки жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...