Пратениците од постизборната коалиција влегоа во собраниската сала


 


Приштина, 2 октомври 2014 (МИА) – Иако продолжението на конститутивната седница на косовскиот парламент, што требаше да се одржи денеска, беше одложено, пратениците од постизборната коалиција сепак се најдоа во собраниската сала.


На собраниската говорница се појави Иса Мустафа, лидер на Демократскиот сојуз на Косово, кој упати  критики до највозрасната пратеничка Флора Бровина, која раководи со седниците.  


-Одлуката на Уставниот суд и опструкцијата на Демократската партија, преку Флора Бровина ја уништуваат демократијата во земјава. На оваа земја и е потребен парламентаризам и демократија, -рече Мустафа.


Освен  незадоволство од ваквиот чин тој објасни зошто сепак се тука.


-Овдека сме за да го искажиме нашето незадоволство од ваквата состојба, без да се конситуира Парламентот. Ќе бараме наредната седница да се одржи најдолго до средината на наредната недела, -нагласи Мустафа.


По Мустафа на говорницата се појави и лидерот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти.

-Наредната недела заедно ќе ја продолжиме работата во нашите инситуции, -рече Курти.

Освен пратениците од овие две партии присуствуваа и на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово, на Фатмир Лимај, кои се дел од постизборната коалиција. Не присуствуваа оние од Демократската партија на Хашим Тачи и пратениците од малцинствата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...