Поголемиот број од џихадистите се наркомани и криминалци

Приштина, 2 октомври 2014 (МИА) - Косовскиот министер за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи, коментирајќи ги апсењата во изминатите два месеца на лица осомничени за поттикнување, регрутирање и испраќање косовски граѓани за Сирија, изјави дека џихадистите се потенцијална опасност за Косово.

- Јас знам за нив еден непобитен факт, а тоа е дека дел од нив се зависници од дрога. Базирајќи се на нивниот профил, најголемиот процент од нив се слабо образовани, тие се лица кои имаат криминално минато, биле вклучени во разбојништва и тешки кражби, убиства, обиди за убиства и други кривични дела, вели Реџепи.

Неофицијално, како што јави дописникот на МИА, на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД) војуваат најмалку 200 Косовци, а до сега бројот на убиените надминува 20. Добар дел од Косовците таму се заминати со се семејства, а некои само со деца, кои ги земале без знаење на сопругите.

Инаку, социолозите сметаат дека недостигот на можности во земјата се причина голем број млади да се приклучат кон радикалните милитантни групи.

- Една од главните причини поради кои луѓето заминат да војуваат таму, е економскиот фактор. Во Косово имаме 45 отсто невработеност, високо ниво на семејно насилство и масовно напуштање на училиштата. Сега тие гледаат во верата како последен чадор, оценува социологот Бардул Плаколи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...