Европската комисија ги објави извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан

Брисел, 8 октомври 2014 (МИА) - Европската комисија денеска ги објави извештаите за напредокот на државите од Западен Балкан на патот во приближувањето кон Европската унија.

Во извештајот за Албанија се посочува дека земјата постинала напредок во приближувањето кон ЕУ, при што биле спроведени реформи во сферата на правосудството, а Владата покажала политичка волја за решително справување со корупцијата.

Во документот се посочува и дека Албанија постигнала добри резултати во борбата против организираниот криминал, пред се во справувањето со шверцот на дрога, економскиот криминал и трговијата со луѓе.

Како позитивна стапка се оценуваат и преземените мерки поврзани со правата на сексуалните малцинства.

Европската комисија сепак посочува и на сериозни недостатоци во областа на правосудството и препорачува продолжување на реформите во администрацијата, преку професионализација и деполитизација со цел да се обезбеди нејзина независност и транспарентност.

Во извештајот се повикува и на зголемување на заштитата на човековите права и правото на сопственост и се посочува дека Владата не успеала да обезбеди целосна слобода на изразувањето и независност на медиумите. Покрај ова, се бара и подобрување на бизнис климата и воспоставување на траен политички дијалог меѓу власта и опозицијата.

Во извштајот за Косово Европската комисија го поздравува напредокот во подобрувањето на односите меѓу Белград  и Приштина. 

Во докуметот се посочува на проблемите со независноста на судството и ограничените резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Комисијата препорачува и реформи во законодавството поврзано со спроведувањето на изборите, администрацијата и заштитата на малцинствата.

Склучувањето на договорт за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ е клуч за приближување на државата кон Унијата, се наведува во извештајот, и се посочува напредокот на Приштина во врска со укинувањето на визниот режим за косовските граѓани.

Во извештајот се посочува дека е неопходно преземање на дополнителни промени во законодавството со кои што ќе се обезбеди заштита на сведоците во процесите поврзани со етничккото чистење.

За Србија Европската комисија заклучува дека е постигнат извесен напредок во реформите на администрацијата и во измените на законодавството поврзано со судството.

Комисијата во документот ја поздравува силната политичка волја на Белград за справување со корупцијата, но се посочува дека се потребни дополнителни напори за обезбедување на независноста на судството.

Корупцијата и натаму останува широко присутна во повеќе сфери на српското општество, а се забележува и недоследност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, се посочува во извештајот.

Комисијата препорачува преземање мерки за заштита на човековите права и на припадниците на маргилизираните гурпи и изразува загриженост во врска со слободата на говорот.

Србија треба да ги почитува обврските што ги презема за регионална соработка, вклчуително и по прашаењето за Косово., бидејќи тој процес ќе се разгледува паралелно со преговарачкиот процес, се истакнува во извештајот.

Комисијата проценува дека кога станува збор за Босна и Херцеговина преговорите за нејзино членство во ЕУ се во застој и се нагласува недостигот на политичка волја за спроведување на неопходните реформи.

Во последната година е забележан сосема ограничен напредок во подобрување на економската состојба и политичките реформи и нивно усогласување со стандардите на ЕУ. Недостига и каков да е механизам за координација во врска со европските прашања, се наведува во извештајот и се додава дека политичкото раководство на земјата треба да преземе јасна одговорност за иднината на нејзините граѓани.

Од делот за Црна Гора комисијата го посочува ефикасноста на правосудниот систем и усвојувањето на правната рамка за заштита на човековите права. 

Еврокомисијата сепак посочува на сериозна вознемиреност во врска со слободата на изразување и независноста на медиумите и препорачува истрага за случаите за насилсттво врз новинарите.

Во извештајот се бара и преземање мерки за професионализација и деполитизација на администрацијата, пред се онаа од буџетската сфера.

За владеењето на законот потребна е силна политичка волја, а доцни и усвојувањето на законодавството за борба против корупцијата и за финансирање на партиите, се посочува во извештајот и се додава дека се запоставуваат некои случаи на обвинувања за корупција поврзани со носители на државни функции.

Во делот за Турција се посочува дека е потребно продолжување на економските и политичките реформи и се додава дека преговорите за членство во ЕУ немаат никаква друга алтернатива.

Стратегиската местоположба на Турција претстаува дополнителна потреба од засилена соработка во областа на енергетиката, правдата и внатрешните работи, се посочува во извештајот и се додава дека политичкиот дијалог со соседите на Анкара би имал клучна улога во спречување на финансирањето на терористичките групи, како што е организацијата Исламска држава.

Европската комисија им препорачува на Турција засилување на борбата против тероризмот и усогласување на законодавството со регулативата на ЕУ.

Активностите на Владата како реакција на обвинувањата за корупција од минатата година ја зголемија вознемиреноста околу независноста на судството и за почитување на принципот на поделба на власта. Комисијата препорачува транспарентни истраги за обвинувањата за корупција и апелира за спречувањето на обидите за ограничување на слободата на изразување, се наведува во извештајот.

Во документот се предлага посветување поголемо внимание на почитувањето на основните човекови права и зајакнување на врските на Турција со еврпскиот енергетски пазар.

Време е Турција итно да преземе чекори за нормализација на односите со Кипар, се препорачува во извештајот и и се препорачува на Анкара да се воздржи од какви било провокации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...