САД бараат

Турција итно да се вклучи во борбата против ИД

Вашингтон, 11 октомври 2014 (МИА) - Белата куќа синоќа соопшти дека е неопходно Турција под итно да почне да пружа воена помош на борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), особено при судирите во сирискиот пограничен град Кобане.

Како што јави ТАСС, ваквото барање на САД е изнесено во соопштението на Белата куќа издадено по средбата на советникот на американскиот претседател Барак Обама за национална бебзедност Лиса Монако со началникот на турската разузнавачка служба Хакан Фидан.

Средбата меѓу Монако и Фидан е една од серијата разговори меѓу Вашингтон и Анкара посветени на турската поддршка на умерените бунтовнички сили во Сирија.

На разговорите Монако се заблагодарила за поддршката што Турција им ја пружа на американските воени операции во Ирак и Сирија и го потенцирала значењето на турската помош во напорите за „ослабување и во крајна линија уништување на ИД“.

Монако посочи и дека треба да се иницра соработка меѓу безбедносните сили на Ирак и умерената сириска опозиција и нагласи дека е потребно да се преземат дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на турско-сириската граница и за пресекување на каналите за премин на странски борци и терористи од Турција во Сирија и обратно, се додава во соопштението на Белата куќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...