Велизар Шаламанов:

Бугарската армија е во „катастрофална состојба“

Софија, 16 октомври 2014 (МИА) - Бугарската армија ќе се соочи со „катастрофални последици“ доколку наскоро не се ослободи од зависноста на старата,руска воена опрема и од руското одржување и поправките-вели бугарскиот министер за одбрана,на заминување Велизар Шаламанов.

Во разговор за Би-Би-Си, Шаламанов рече дека особено е „критична состојбата“ во воздушната одбрана, затоа што сите радари, сите ракети земја-ваздух и целата ракетна опрема, како и сите борбени авиони, се произведени во времето на Советскиот Сојуз.

- Одржувањето, посебно на воените авиони, зависат во голема мерка од испитувањето на моторите и на другата воена опрема, во Русија, вели Шаламанов, откривајќи дека главната воздушна сила на бугарската армија, практично, е флотата од остарените советски авиони МИГ-29.

Шаламанов, кој на функцијата останува до формирањето на новата бугарска Влада, по вонредните парламентарни избори, одржани минатата година, изјави дека Бугарија можеби ќе купи, на старо, авиони од типот Ф-16, од Италија или од Грција, како и „Еврофајтери“ од Португалија.

Актуелниот министер за одбрана смета дека зависноста од остарената воена техника и опрема, уште од советско време, на која сега и се потребни сервисирањата и резервните делови од Русија, е резултат на лошото управување и менаџирање со бугарската армија во последниве 10-15 години.

- Како резултат на тоа, во услови на сегашната криза околу Украина и контрирањата меѓу НАТО и Русија,Бугарија мораше да зависи од нејзините соседи, Романија и Грција,кои помагаат во чувањето на бугарската граница на Црно Море, вели министерот Велизар Шаламанов.

Тој забележува дека нешто подобра е ситуацијата кај копнените сили, каде работите „не се толку драматични“ затоа што домашната воена индустрија може самата да ги сервисира опремата и оружјето од советско време, како што е советскиот тенк Т-72.

Во овој момент, Бугарија издвојува само 1,3 отсто од својот годишен буџет за одбраната. Просекот за НАТО,каде Бугарија членува е над 2 отсто. Бугарските оружени сили сега се сведени на 30 илјади луѓе, наместо 110 илјади, колку што имаше во 1999 година. Цел на реформите на армиските сили, што тогаш беа започнати, беше бугарската армија, да нема помалку од 45 илјади луѓе.

Другите армии од поранешниот Варшавски Пакт, кои сега се дел од НАТО, се соочуваат со слична ситуација. После Бугарија, најтешка е состојбата во Словачка, каде 90 отсто од целата опрема и оружје за копнената војска, се толку стари што одамна требало да бидат префрлени во „старо железо“. Минатата година, Полска почна да издвојува по 1,95 отсто од својот буџет, а Унгарија во 2009 година, ги замени своите стари авиони МИГ, за современите авиони „Грипен“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...