Градоначалникот на Загреб ги отфрли обвиненијата

за злоупотреба на функцијата

Загреб, 21 октомври 2014 (МИА) - Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, за време на распитот пред иследниците од хрватската служба за сериозен корупциски криминал УСКОК, ги отфрлил сите обвиненија за учество во корупциски зделки, јави Хина.

Бандиќ доцна синоќа беше сослушан во просториите на службата, по што беше вратен во истражниот затвор.

Адвокатот на Бандиќ изјави дека неговиот клиент ги отфрлил сите обвиненија.

Градоначалникот на Загреб беше уапсен во неделата заедно со извршниот директор на „Загребски холдинг“, Слободан Љубичиќ, сопственикот на компанијата за индустриски отпад ЦИОС, Петар Припуз, и 16 други лица под сомнеж за извршени серија кривични дела поврзани со злоупотреби на буџетот на хрватскиот главен град.

Според полициски извори, апсењата биле извршени по неколкумесечна истрага за злоупотреби во градската управа и „Загребски холдинг“.

Уапсените лица се осомнилени за серија кривични дела, поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија со влијание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...