Бан Ки-мун побара обновување на мировните преговори за Кипар

Њујорк, 24 октомври 2014 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара што е можно побрзо обновување на мировните преговори за решавање на кипарското прашање, кои беа прекинати на почетокот на месецов поради конфликт меѓу Анкара и Никозија во врска со енергетските наоѓалишта во овој реон. 

- Генералниот секретар на ОН изрази загриженост, во врска со зголемување на тензиите поради енергетските наоѓалишта во близина на островот и прекинот на преговорите, се наведува во соопштението објавено од светската организација.

Бан Ки-мун потенцира дека двете страни на Кипар треба да се вратат на преговарачка маса, а исто така ги повика и земјите од регионот да соработуваат околу овој проблем, со цел да се постигне напредок во мировните преговори за повторно обединување на средоземноморскиот остров.

ЕУ, исто така, изрази загриженост од зголемената тензија меѓу Кипар и Турција околу експлоатацијата на енергетските ресурси во источниот дел на Средоземно Море, се наведува во предлог-заклучоците од средбата на врвот на лидерите од земјите-членки на ЕУ, која се одржува во Брисел.

- ЕУ е сериозно загрижена поради ескалирањето на тензијата во Средоземното Море. Унијата бара од Турција да ги почитува суверените права на Кипар. При ваква ситуација Европскиот совет смета дека повеќе од било кога е важно да се најде глобално решение во Кипар во корист на сите кипарски граѓани, се додава во текстот на предлог-заклучоците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...