Адил Османовиќ најверојатен нов мандатар на Советот на министри на БиХ

Сараево, 24 октомври 2014 (МИА) - Адил Османовиќ, потпретседателот на бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и долгогодишен најблизок соработник на неодамна починатиот лидер на СДА, Сулејман Тихиќ, е еден од најсериозните кандидати за мандатар за состав на новиот Совет на министри на БиХ, тврди весникот „Независне новине“

Весникот додава дека СДА, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) веќе следната недела ќе ги почнат разговорите за формирање на државната власт. 

Извесно е, меѓутоа, дека овој процес ниту овој пат нема да биде така едноставен, што го потврдуваат и информациите дека во тек се паралелни контакти на некои други политички опции кои имаат намера да заобиколат некои од овие партии, бидејќи имаат сопствена формула за формирање на мнозинство.

Исто така, не треба да се заборави дека мандатарот за новиот состав на Советот на министри го предлага Претседателството на БиХ, во кое, како што стојат работите, ќе седи и еден опозициски член - Младен Иваниќ, кандидатот на Сојузот за промени во Република Српска.

Сето ова се уште дава доза на воздржаност по повод формирањето на новите власти во БиХ, но извесно е дека, во согласнист со принципот на ротација, новиот претседавач со Советот на министри ќе биде Бошњак, а по логиката на работите тоа ќе биде функционер од СДА, која освои најмногу гласови на изборите, пишува весникот.

Игор Радојичиќ, потпретседателот на СНСД, неодамна потврди дека во тоа нема ништо спорно и дека за оваа партија принципот на ротација е апсолутно прифатлив.

Во ХДЗ, исто така,  велат дека се принципиелни за прашањето на ротацијата, како што биле и во 2010 година, кога бил редот на Хрватите. Сега е редот на Бошњаците, а логично е тој да биде од партијата која доби мнозинска поддршка, а тоа е СДА, велат во оваа партија и додаваат дека за ХДЗ е прифатливо кое било име „доколку има дигнитет“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...