Петти ден протести на хрватските ветерани

Загреб, 24 октовмври 2014 (МИА) - Ветерани-инвалиди од Војната во Хрватска од 1991 до 1993 година веќе петти ден протестираат пред зградата на Министерството за воени ветерани во Загреб, со барање оставка на ресорниот министер Предраг Матиќ и двајца негови блиски соработници. 

Матиќ пристигнувајќи во својата канцеларија, децидно одби разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Тој само и оддаде почит на Невенка Топалушиќ, 60-годишна ветеранка од Војната со стопроцентна инвалидност, која почина во текот на ноќта меѓу вторникот и средата за време на протестот пред Министерството.

Многу жители на Загреб се насобраа за да им дадат поддршка на воените ветерани, а во пресрет излезе и Црвениот крст, кој им даде ќебиња, храна и пијалаци на демонстрантите.

Вчера беше одржан помен за почината Топалушиќ, на кој присуствува неколкустотици луѓе, кои палеа свеќи на местото на кое таа почина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...