Балкан напредува кон ЕУ

Белград, 24 октомври 2014 (МИА) -  Јубилејната Десетта Меѓународна конференција „Новиот Балкан и Евроската Унија: Мир равој и интеграција“ во Белград помина во спротиставени тонови на дипломатија и политичари за ситуацијата во регионот. Нивните изјави беа од тоа дека работите одат во добра насока до оценки дека Западен Балкан има хроничен недостиг од соработка и демократија, јави Танјуг.



Поранешниот специјален координатор на патот за стабилност Ерхард Бусек, беше најгласен во критиките до националните влади за кои рече дека не соработуваат на клучни прекугранични проекти.

- На овој регион му се потребни резултати, а не само учество на состаноци и конференции, нагласи Бусек. Тој додаде дека помирувањето го нема во целиот регион на ЈИЕ.

Бусек вели дека состојбата во медиумите во државите од регионот е ужасна и оти ситуацијата е иста како во 90-тите години. 

- Владите вршат притисок врз медиумите, тие се во лоша состојба и трпат дополнително притисок од лошата економска ситуација, нагласи Бурсек.

Посебно предупреди дека изборите во БиХ покажале дека работите не напредуваат заради што таа држава мора да се потруди да не биде црна дупка на мапата. Тој ја пофали Србија за отпочнување преговори со ЕУ, а во случајот со Македонија го обвини Брисел што не нашол договор со Грција за членство на таа држава „ и тоа многу чини и создава проблеми“.

Поранешниот генерален директор на Унеско, Федерико Мајор кој на учесниците им се обрати преку видео линк упати остри зборови пред се, за ОН и ЕУ. 

Мајор рече дека Балканот е исклучително значаен за ЕУ која ја оквалификува како „вистинска катастрофа“ и повика на итно менување на основите на кои моментно функционира Унијата.

- Денес имаме монетарна ЕУ, а не политичка ЕУ. Демократските принципи се заменети со законите на пазарот, нагласи Мајор. Според него, треба да се измисли нова Европа а потоа и нов Балкан.

Беше прочитана и порака од поранешниот генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали кој укажува на неопхдоност да се решат новите предизвици пред државите на регионот како што се популизмот и национализмот.

На собирот зборуваше и јапонскиот дипломат Акио Кавато, претседтел на Европскиот центар за мир и развој кој е оргнанизатор на дводневната конференција. Тој предупреди дека е многу тешко да се каже дека е можен одржив мир на Балканот, но упати пофалби што пет држави од тој регион веќе се во ЕУ, а други пет сакаат да се придружат.

На собирот учествуваат околу 300 учесници истакнати научници, политичари и дипломати од речиси сите делови од светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...