Поројниот дожд синоќа преплави многу делови на Атина, а водата носеше автомобили.
Поплавени се многу домови и продавници.
На главната улица на западниот дел на градот има многу возачи кои не можат да продолжат со своите автомобили, особено во Пиреја, Керацини и Драпецона. Неколку автомобили од поворката, водата ги турнала во ров.
Пожарникарите велат дека се испумпува вода до еден метар висока.
Дожд и ниски температури се очекуваат овој викенд во цела Грција, а во северниот дел ќе има снег.