Хрватското општество не верува во капитализмот

Загреб, 27 октомври 2014 (МИА) - Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ смета дека раширената недоверба на хрватското општество во капитализмот, е една од причините зошто сите досегашни влади немале волја во спроведувањето реформи неопходни за модернизација на економијата и воведување ред во јавните финансии, јави Танјуг.

Според него, една по друга влада пропуштиле да спроведат економски реформи кои би привлекле странски инвестиции, би отвориле нови работни места и би ја извлекле земјата од рецесија, која лесно може да се продолжи и во 2015, седма година по ред.

- Најголемата пречка во реформите е во нашите глави. Кога и да се појави некој како значаен вложувач, во општеството доаѓа до реакции дека тој доаѓа тука за да оствари профит, а ние тоа не смееме да го дозволиме, изјави Јосиповиќ во интервју за лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Тој појасни оти тоа веројатно е „наследство од поранешниот политички систем - социјализмот“.

Јосиповиќ рече дека тој пристап е видлив и во медиумите и меѓу политичарите, и оти постои раширен страв од инвеститори и претприемачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...