Изетбеговиќ не ја сака партијата на Додик во новата влада на БиХ

Не ми треба Додик

Сараево, 29 октомври 2014 (МИА) - Досегашниот претседавач со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, кој на изборите на 12 октомври освои уште еден четиригодишен мандат во државниот врв, најави дека меѓу партиите од Република Српска попрво би соработувал со опозицијата, отколку со Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.

Изетбеговиќ потврди дека неговата Партија за демократска акција (СДА) бара нејзиниот кандидат да биде нов претседавач со Советот на министри на БиХ, а исто така да и бидат доделени и најважните функции во извршната власт на ниво на Федерацијата БиХ.

Тој нагласи дека се согласува со коалиција на државно ниво, која ќе ја сочинуваат партии од истиот блок, односно оние кои се членки на Европската народна партија (ЕПП).

Освен СДА, членки на оваа групација се и ХДЗ БиХ, ХДЗ 1990, а од Република Српска тоа се опозициските Партија за демократски прогрес (ПДП) на Младен Иваниќ и Српската демократска партија (СДС).

Изетбеговиќ сепак додаде дека СДА ќе ја почитува волјата на гласачите и ќе соработува со партијата на Додик, која има освоено најмногу гласови, но само доколку таа во Република Српска обезбеди парламентарно мнозинство.

- Очекуваме истовремено Милорад Додик да биде поконструктивен. Без потреба многу работи уриваа во Парламентот на БиХ и со тоа ни нанесоа штета и нам и себе си, но и на БиХ и на ентитетот Република Српска, оцени Изетбеговиќ.

Тој ја отфрли можноста за коалицирање со својот главен ривал на изборите, Фахрудин Радончиќ од Сојузот за подобра иднина, а како причина за тоа ја наведе предизборната кампања на Радончиќ во која беше силно напаѓан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...