поради Косово

ВИДЕО: Вучиќ и Рама вербално се пресметаа пред камерите

Белград, 10 ноември 2014 (МИА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да му дозволи на никого да ја понижува Србија во Белград, нагласувајќи дека е изненаден од провокациите во изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кои не ги очекувал, јави Танјуг.

- Прашањето за Косово е решено и тоа е факт. Можеме да зборуваме за различни чекори, но сметам дека ништо не може да не спречи да ја кажеме вистината, рече албанскиот премиер Еди Рама.

Вучиќ истакна дека не може да сфати каква врска има Рама со Косово.

- Нема да дозволам и мојата функција не дозволува на некого да му дозволам да ја понижува Србија во Белград. Косово е дел од Србија според српскиот Устав и немало и нема да има никаква врска со Албанија, рече Вучиќ.

Изразувајќи жалење за инцидентот и за тоа дека Рама ја искористил оваа можност да зборува за тема, која не била договорена, Вучиќ рече дека и покрај тоа ќе ги продолжи разговорите со албанскиот премиер.

На реакцијата на српскиот премиер на неговата изјава, Рама повтори дека независно Косово е реалност, која треба да биде прифатена и оти голем број земји тоа веќе и го сториле.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...