Нема да ја промениме позицијата за учество во коалиција против ИД

Анкара, 19 ноември 2014 (МИА) - Турција нема да ја промени сегашната позиција за пристапување кон меѓународната коалиција против ИД, додека меѓународната заедница не се насочи и против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и не воспостави безбедносни зони и забрана за летови над територијата на Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува весникот „Хуриет дејли њуз“. 

- Меѓународната заедница не ги презема мерките, што ги препорачуваме. Има само некои сигнали и можности. Позицијата на Турција ќе продолжи да биде иста, се додека нашите препораки не бидат исполнети, изјави Ердоган пред да замине во посета на Алжир. 

Турција бара предводената од САД меѓународна коалиција против џихадистите на организацијата Исламска држава да има за цел и соборување на режимот на Башар ал Асад и преземање на воени мерки за исполнување на таа цел. Создавање на безбедносни зони во Сирија и забрана за летови над територијата на Сирија, исто така се дел од условите, што Турција ги постави за активно вклучување во коалицијата. 

Вашингтон, бара отворање на некои турски воени бази за воздушната кампања на коалицијата, но засега единствен договор меѓу Турција и САД е за обука на умерени групи на сириската опозиција. 

Американска воена делегација минатата недела беше во дводневна посета на Анкара за деталите околу мисијата за обука и опремување на сириски бунтовници, но според Ердоган има нејаснотии по прашањето кога тоа ќе може да почне. Ова ќе биде една од темите на разговор, кога американскиот генерал во резерва Џон Ален, одговорен за коориднација на мисијата против џихадистите од ИД, ќе се сретне денеска со турски воени претставници во Анкара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...