Ердоган не планира откажување на форумот Турција-Африка поради еболата

Анкара, 19 ноември 2014 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли советот да го откаже вториот Форум за соработка на високо ниво Турција-Африка во Малабо, главниот град на Екваторска Гвинеја, поради епидемијата на ебола, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“. 

Ердоган инсистирал да продолжи подготовката на планираниот самит со цел да се демонстрира солидарност со земјата домаќин, наведува весникот, повикувајќи се на виоски претставници од турското министерство за надворешни работи. 

Турскиот претседател ќе присуствува на самитот во Малабо на 20 и 21 ноември. 

Турската делегација предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе брои и околу 200 бизнис лидери. На средбата ќе присуствуваат и голем број африкански лидери. 

На форумот се очекува да биде донесена заедничка декларација и палн за акција за турско-африканско партнерство во периодот 2015-2018 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...