Иса Мустафа е нов премиер на Косово

Приштина, 20 ноември 2014 (МИА) - Лидерите на двете најголеми партии во Косово постигнаа принципиелен договор за формирање нова влада, соопшти доцна синоќа Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага.

Во соопштението се посочува дека лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен премиер Хашим Тачи и првиот човек на најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа се согласиле да формираат коалиција со цел да „ги изградат институциите на Република Косово“.

Ваквиот договор би требало да стави крај на петмесечната политичка криза во Косово, која се закануваше да ја доведе земјата пред банкрот, бидејќи постоеше опасност пратениците да не го усвојат буџетот.

По изборите, ЛДК на Мустафа формира блок со Алијансата на иднината на Косово (ААК) на Рамуш Хардинај и со Иницијативата за Косово, кон кој подоцна се приклучи и движењето „Самоопределување“. Целта на овој блок беше отстранување на Тачи од власта, по обвинувањата за корупција во највисоките нивоа на владините институции и по меѓународната истрага за негова вмешаност во трговија со органи.

Договорот меѓу ПДК и ЛДК за формирање влада, речиси сигурно ќе значи крај на блокот на партијата на Мустафа со останатите три опозициски партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...