Албанија и Грција ќе ги преразгледаат учебниците врз основа на принципите на УНЕСКО и СЕ

Тирана, 20 ноември 2014 (МИА) - Албанија и Грција одлучиле да реализираат заклучоци на заедничка комисија за преразгледување на учебниците по историја, географија, култура и економија врз основа на принципите на УНЕСКО и Советот на Европа, јавија грчки медиуми.

Министрите за образование на двете држави го нагласиле на прес конференција значењето на тоа преразгледување на учебниците.

- За првпат децата од грчките етнички училишта во Албанија беа снабдени со учебници на грчки јазик пред учебната година. Во буџетот за 2015 година предвидени се инвестиции во училиштата во кои се предава на грчки јазик, изјави министерката за образование и спорт, Линдита Николи.

Таа додала дека Албанија е меѓу државите што ги исполнуваат меѓународните критериуми во врска со правата на етничките малцинства.

Грчкиот колега Андреас Ловердос истакнал дека децата од грчката етничка заедница во Албанија треба да бидат најдобро образовани и оти Грција ќе го исполни својот долг во таа насока. Албанија има население од над три милиони луѓе од кои околу 150.000 се етнички Грци кои живеат во јужниот дел од државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...