Целосно ангажирање на САД на Балканот

Вашингтон, 21 ноември 2014 (МИА) - Новиот директор на Канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот, Томас Јаздгерди вели дека САД во целост се ангажирани на Балканот особено кога станува збор за решавање на преостанатите клучни прашања.

Во интервју за Глас на Америка тој тврди дека Вашингтон ја поддржува иднината на регионот во рамки на евроатлантската заедница.

- САД се сметаат за партнер со давањето помош во одржување дијалог меѓу Косово и Србија, давање поддршка на Црна Гора за членство во НАТО, поттикнување Грција и Македонија да го решат спорот со името, помош за Босна да стане пофункционална, изјави тој.

Што се однесува до порастот на влијанието на Русија во регионот, и евентуалните планови на Вашингтон да се спротивстави на тоа, Јаздгерди одговара дека „тоа не е прашање за спротивставување на руското влијание туку давање поддршка за граѓаните во регионот да остварат свои аспирации во поглед на интеграции“.

Јаздгерди додава дека САД не се против тоа државите да одржуваат односи со Русија.

- Но, ако сакате да се придружите во европскиот клуб, што мислам дека сите држави во регионот сакаат, тогаш мора да донесат соодветни заклучоци и да ја усогласат својата надворешна политика со онаа на Европската унија, заклучува Јаздгерди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...