Хрватска е српската Грција

Барањето на Хрватска, ЕП да ја усвои декларацијата за Шешељ е најава за натамошни условувања и напредокот на Србија кон ЕУ го чекаат многу замки, пишуваат „Новости“.

Резолуцијата на Европскиот парламент за Воислав Шешељ, чие усвојување по итна постапка го побараа хрватските пратеници, не е против Србија, ниту ќе влијае на интеграциите, но Белград треба да се подготви за многу замки на патот кон ЕУ, кои се погласно се најавуваат од Загреб.

Според „Новости“, не е исклучено хрватските членови на ЕП да достават низа анекси на резолуцијата за напредокот на Србија. Документот за Шешељ не е единственото барање кое доаѓа од Стразбур. Во септември хрватските пратеници веќе поднесоа барање за заштита на правата на Хрватите во Србија.

Вицепремиерот и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека, „наместо против Србија, декларацијата треба да се поднесе против Трибуналот во Хаг“.

– Србија тука нема ни милиметар одговорност. Хаг повеќе не знаеше што да прави со Шешељ и го пуштија на слобода. Впрочем, гледате и сами како тој го напаѓа актуелното раководство на земјата, изјави Дачиќ.

Пратениците во хрватскиот Сабор побараа пред Србија да се стават низа нерешени прашања, како границите, како предуслов за нејзино влегување во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...