Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа

Истанбул, 24 ноември 2014 (МИА) - Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа, бидејќи тоа е во спротивност на закониоте на природата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

- Не можете да поставите една мајка, која дои, на иста функција и да имате исти очекувања од неа како од мажот, кој нема такви одговорности. Приоритет на жените треба да биде мајчинството, бидејќи тоа е правилниот исламски начин на живот, истакна Ердоган на конференцијата во Истанбул, посветене на жените и праведноста.

Тој посочи и дека не може да се натераат жените да извршуваат исти работи како мажите, како во некогашните комунистички режими.

- Да и дадете лопата и да ја натерате да работи? Не можете да го направите тоа. Тоа е во спротивност на нејзината деликатна структура, наведе Ердоган, кој се залага секое турско семејство да има најмалку три деца.

Според податоци на Светска банка, учеството на жените во работната сила на Турција е ниско - 29 проценти, додека во Германија и во САД е 57 отсто.

Голем број на жените во Турција се жртви на семејно насилство. Во 2013 година 214 жени биле убиени од нивните партнери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...