Бугарија држава со најзагаден воздух во Европа

Софија, 25 ноември 2014 (МИА) - Воздухот во Бугарија е најзагаден со честички прав помали од 10 микрона меѓу државите-членки на Европската агенција за животна средина (EEA), се наведува во последниот годишен извештај на оваа организација.

Како што јави БТА, веднаш по Бугарија на листата на најзагадени земји следуваат Полска и Словачка.

Процентот на населението во Бугарија изложено на овие честички, кои важат за најсериозен загадувач во Европа, изнесува речиси 90 отсто и е значително над европскиот просек од 38 отсто.

Причините за зголеменото ниво на овие честички во Бугарија, според ЕЕА, се сообраќајните и индустриските активности, како и загадените и лошо одржувани коловози. Дополнително за загадувањето придонесуваат и променетите климатски услови и намалениот обем на ветрови. Најзагадени градови во Бугарија се Перник, Димитровград, Видин и Пловдив,

Само во текот на 2011 година во Европа се регистрирани околу 400.000 случаи на предвремена смрт предизвикана од влијанието на загадениот воздух. Речиси 95 проценти од градското населние во Европа е изложено на воздух чие ниво на загаденост е опасно според стандардите на Светската здравствен организација.

Членки на Европската агенција за животна средина (EEA) се државите од ЕУ, земјите од Западен Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гота, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Швајцарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...