Договорени носителите на државите функции во Косово

Мустафа Премиер, Тачи Претседател

Приштина, 26 ноември 2014 (МИА) - Демократската партија на Косово (ПДК) на Хашим Тачи и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа го финализираа коалицискиот договор, јави дописникот на МИА.

Според договорот, Мустафа ќе биде новиот косовски премиер, а Тачи нов шеф на државата, по истекот на мандатот на актуелната претседателка Атифете Јахјага во 2016 година. Кадри Весели пак ќе биде нов претседател на Парламентот.

Професорот Арсим Бајрами, кој претходно беше кандидат на ПДК за претседател на Парламентот, најверојатно ќе биде нов министер за образование.

Во однос на министерските места, партијата на Мустафа ќе добие седум, на Тачи осум. додека за партиите на малцинствата се предвидени четири ресори, од кои два за Србите.

Во очекување на покана за влез во новата влада „Српската листа“ има и свои услови. Според претседателот Александар Јаблановиќ, нивните услови се формирање на Заедницата на српските општини, враќање на имотот на Српската православна црква и на Србите протерани од нивните имоти и анулирање на приватизацијата на претпријатијата во средини каде живеат Србите.

Новата Влада и владината програма, според договорот, ќе бидат одобрени на седница на Парламентот на 8 декември, односно точно шест месеци од денот на одржувањето на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...