Роднини на жртвите од бродолмот во Охрид бараат милионска отштета

Софија, 27 ноември 2014 (МИА) - Во Софискиот окружен суд денеска почна судски процес по граѓанска тужба во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро во септември 2009 година, при што загинаа 15 бугарски државјани. 

Со тужбата роднини на загинатите бараат над 5,2 милиони евра отштета од осигурителните компании „Алианц Ферзихерунг“ и „Германишер Лојд“. Тие, како што јави БТА, во тужбата наведуваат дека причина за потонувањето на бродот се извршените промени во структурата на „Илинден“, по што осигурителните компании оцениле дека бродот е безбеден.

Во текот на денешната судска расправа беа сослушани 14 сведоци, роднини и блиски на загинатите, кои изнесоа детали за трагедијата.

Судот на двете страни во спорот им даде рок од 20 дена да се запознаат со доказите во процесот, како и да бидат прибавени дополнителни информации за техничката експертиза за случајот.

Во врска со потонувањето на бродот, со кој над 50 бугарски туристи патуваа од Охрид до Свети Наум, во Македонија веќе се осудени сопственикот и капетан на „Илинден“, Сотир Филевски и техничкиот експерт Брано Баиќ.

За време на несреќата на бродот имало 53 патници, иако тој имал капацитет за 35 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...