Милановиќ го откажа доаѓањето на самитот во Белград

Загреб, 28 ноември 2014 (МИА) - Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, незадоволен од реакциите на властите на Србија на ослободувањето на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, го откажа своето учество на претстојниот состанок на премиери на земјите од Централна и Источна Европа со Кина, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“. 

Весникот, повикувајќи се на неофицијални извори истакна дека наместо Милановиќ во Белград ќе допатува министерот за поморство, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ, „чиј престој во Србија нема да има никаков политички призвук“.

- Милановиќ во блиска иднина нема да се состане со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави за весникот анонимен висок претставник на хрватската Влада. 

Тоа значи, додава „Јутарњи лист“ дека Милановиќ посредно ја отфрла идејата на претставикот на Србите во Хрватска, Милорад Пуповац, кој гоставувајќи во телевизиска емисија предложи средба на Милановиќ и Вучиќ, на која двајцата лидери се обиделе да ги намалат сегашните меѓудржавни тензии.

Хрватските власти сметаат дека Вучиќ и српските лидери не реагирале адекватно на Шешељ и се додека тоа не го сторат средбата на високо ниво не би имала преголемо значење, додава весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...