Папата Франциско пристигна во Турција

Анкара, 28 ноември 2014 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска допатува во тридневна посета на Турција, за време на која се очекува воспоставување мостови со исламот и давање поддршка на загрозеното христијанско малцинство на Блискиот Исток.  

Папата на аеродромот во Анкара беше пречекан од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а првата средба ја оствари со претседателот Реџеп Тајип Ердоган во неговата нова резиденција.

Планирано е на вториот ден од престојот папата да замине во Истанбул, каде ќе ги посети верските историски наследства, а ќе разговара и со севселенскиот патријарх Вартоломеј.

Посетата на папата Франциско е голем предизвик за турската полиција, која мора да се грижи за неговата безбедност. Во Анкара се ангажирани 2.700 полицајци, а во Истанбул седум илјади.

Ова е четврта посета на поглавар на Римокатоличката црква на Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...