Грчки генерал нов шеф на Воениот комитет на ЕУ

Брисел, 15 декември 2014 (МИА) - Советот за надворешни работи на Европската унија (ФАК) утринава го назначи грчкиот генерал Михаил Костаракос за нов претседавач на Воениот комитет на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.

Неговата улога како претседавач ќе биде да ја води работата на Воениот комитет на Унијата, кој е највисоко воено тело во рамки на Советот на ЕУ.

Генералот Костаракос, роден во Солун, досега ја извршуваше функцијата началникот на Генералштабот на Националната одбрана на Грција чии подредени војници повеќепати досега пееја национал-шовинистички песни за дерење на кожата на Македонците (нарекувајќи ги цигано-скопјани) и на Турците.

Грчкиот генерал ќе има улога и на воен советник на високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Костаракос, исто така, ќе биде главен човек за контакт на командантите на воените операции и мисиите на Европската унија, во чиј состав учествува и Армијата на Република Македонија.

Началникот на Генералштаб на Националната одбрана на Грција, својата должност во рамки на ЕУ ќе ја преземе на 6 ноември 2015 година и мандатот е предвидено да му трае три години.

На чело на Воениот комитет на Унијата, Костаракос ќе го наследи генерал Патрик де Русие од Франција, кој на оваа позиција е од 6 ноември 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...