Косовскиот Специјалниот суд ќе ги истражува злосторствата врз малцинствата

Приштина, 19 декември 2014 (МИА) - Специјалниот суд за воени злосторства, што треба да биде формиран во Косово, пред се ќе биде задолжен за злосторствата врз Србите и припадниците на другите малцинства, објави косовскиот весник „Бота сот“.

Според експертите Специјалниот суд претставуваат можност за откривање на вистината за злосторствата за време на војната и за повоените политички убиства, објави Танјуг.

Професорот Африм Хоти од Приштинскиот универзитет истакна дека формирањето на Специјален суд треба да биде приоритет на косовските институции.

- Специјалниот суд е еден вид меѓународен трибунал, што треба да се занимава главно со злосторствата врз Србите и другите малцински групи и ќе се побара судска одговорност не само за војниците, туку и за командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), наведе поранешниот претставник на Косовската тајна служба ШИК, Наим Мифтари.

Тој додаде дека поранешниот министер за надворешни работи и поранешен премиер Хашим Тачи некогаш се „фалел дека бил командант во ОВК“, а сега кога дошло време за плаќање на сметките бега од одговорност.

- Се знае дека злосторствата се извршени од луѓе кои биле под команда на Хашим Тачи и за тоа постојат докази, истакна Мифтари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...