Кипар од секогаш бил против санкциите против Русија

Никозија, 19 декември 2014 (МИА) - Европската унија го смени својот пристап кон санкциите против Русија, на кои Кипар од секогаш се противел, изјави кипарскиот министер за надворешни работи, Јоанис Касулидис, во интервју за ТАСС.

- Кипар отсекогаш е многу внимателен за прашањето за примената на санкциите. Нас никогаш не ни се допаѓала оваа политика и тоа отворено го кажувавме. Сега е можно да ја платиме цената за неа, бидејќи како што знаете, Украина ни се заканува со откажување на актуелниот билатерален договор за одбегнување на двојното оданочување, вели кипарскиот министер.

Според Касулидис, резултатите од самитот на ЕУ покажуваат дека унијата го менува својот пристап кон таканаречените секторски санкции, кои им штетат не само на Русија, туку и на земјите членки на ЕУ.

Касулидис призна дека Кипар не сакал да остане изолиран во ЕУ, но го дал својот придонес во ограничувањето на санкциите кон Русија.

-Како пример можам да го посочам фактат дека по нашите упорни барања компаниите-ќерки на големите руски државни банки, што се активни во земјите од ЕУ,  беа исклучени од спектарот на санкциите, истакна министерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...