Тајкуните повеќе не ја водат Србија

Белград, 20 декември 2014 (МИА) - Тајкуните повеќе не ја водат Србија, изјави во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, српскиот премиер Александар Вучиќ.

- Не верувам дека ситуацијата е иста, барем не можете да кажете дека тајкуните ја водат земјата како претходно. Никој тоа не може да го каже, рече Вучиќ.

На прашањето дали тоа значи дека за половина година дошло до промена на ситуацијата тој рече: „Не велам дека ја свртевме ситуацијата, велам дека покажавме политичка волја. Барем тајкуните повеќе не се надлежни за интересите на земјата и народот, како што беше во оваа земја“.

Вучиќ меѓутоа изјави дека и натаму е загрижен поради судскиот и правниот систем во кој, како што истакна многу работи мора да се прилагодуваат во иднина.

- Нема проблеми со политичката волја, нема заштитени личности, нема заштитени тајкуни, нема заштитени политичари, додаде тој.

Според него проблем е што Србија и натаму го има стариот систем и луѓето можат да работат на некој случај со години, а никогаш да не го завршат тој процес и додаде дека тоа мора да се менува за да се помогне во борбата против корупцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...